Хрватската музичка ѕвезда Северина вчера вечерта на Инстаграм во ќиво ја искористи приликата на своите фанови да им се пожали дека иако овој викенд би требала да биде со синот, бидејќи е католички Велигден, сепак не е.
-Мојата мала љубов, која по некоја привремена мерка припаѓа половина од велигденските празници и понатаму не е со мене. Денес е точно 30 полни дена како не сум го допрела, гушнала, погалила по коса, почувствувала и заспала покрај него. Затоа додека го чекам тој момент, јајцата ги бојадисав како и минатите седум години, колку Велигдени помина со мене, рече таа.
Привремената мерка ја донесе судијката од Општинскиот граѓански суд во Загреб. Според таа мерка Северина има право да го гледа синот во вторник и четврток од 15 до 20 часот и секој втор викенд од сабота од 10 до недела до 20 часот. Со оваа мерка е регулирано и дружењето на мајката и синот во текот на летните и зимските празници, како и државните и верските.
Минатиот месец Северина се пожалила дека Милан Поповиќ одлучил себе и синот да се стават во самоизолација, бидејќи на почетокот на март биле во Австрија а за тоа не ја информирал.