Северина ја „бркаат“ од банки за кредит од 100.000 евра: Три месеци не платила рата, а може да и го земат и станот

Хрватската пејачка Северина иако се обидува да направи да изгледа дека е се во ред со нејзиниот живот, вистината воопшто не е таква.
Снаата на Кеба ја прекина соработката со менаџерот Томислав, а и рабоата не и цвета. Севе има се помалку работа, пее за помал хонорар, а долговите се таложат.
Моментално таа има проблем со кредит кој го подигнала пред осум месеи за нов албум, а тие пари сега не може да ги врати, пишуваат српските медиуми.


-Познато е дека Северина не умее со парите. Троши повеќе од што заработува. Во 2018 имаше многу настапи, но ништо не зачува од парите, па пред осум месеци озема кредит од 100.000 евр, а како хипотека го ставила станот.Првите пет месеци беше се во ред, но последниве три не плати ни една рата, а се зборува дека една рата е 7000 евра.Воглавно, од банката и пратија соопштување дека ќе се активира хипотеката доколку не плати во рок од 15 дена- вели извор за српските медиуми.
Нејзините пријатели велат дека пејачката ќе се извлече од ова бидејќи не и е првпат да биде должна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.