Денеска Северна Кореја прогласи дека е во војна со Јужна Кореја и ги предупреди Сеул и Вашингтон дека секоја провокација би ескалирала во тотален нуклеарен судир.
– Односите меѓу двете Кореи од овој момент влегуваат во воена состојба и сите прашања меѓу двете земји ќе бидат решавани во согласност со воените протоколи, соопшти севернокорејската Влада. – Долготрајната ситуација на Корејскиот полуостров која не е ниту мир, ниту војна, конечно е завршена, наведе Владата, додавајќи дека евентуална провокација на САД или Јужна Кореја би покренала нуклеарна војна. Корејската војна (1950-53) завршила со примирје, а не со мировен договор, што значи дека двете Кореи во изминатите шест децении технички беа во војна. Северна Кореја во почетокот на месецот објави дека го укинува примирјето и другите билатерални мировни договори потпишани со Сеул во знак на протест поради заедничките воени вежби на Северна Кореја и САД. САД порачаа дека оваа објава ја сфаќаат сериозно, но забележаа дека се работи за познатиот обнразец на однесување на Пјонгјанг, додека Јужна Кореја оцени дека се работи за стара закана која е формулирана на нов начин. Кина и Русија повикаа на мир, а особена загриженост изрази рускиот министер за надворешни.Денеска Северна Кореја прогласи дека е во војна со Јужна Кореја и ги предупреди Сеул и Вашингтон дека секоја провокаци