Северна Македонија официјално стана 30 членка на НАТО

Во Вашингтон попладнево беше направен и последниот формален чекор за полноправно членство на Северна Македонија во Алијансата- депонирањето на инструментот за пристапување во Стејт департментот.

Македонија станува членка на Алијансата, по речиси 30 години чекање. Најблиску до членство беше пред 12 години, на тогашниот Самит во Букурешт, кога Грција стави вето поради тогаш нерешениот спор со името.

„Северна Македонија сега е дел од семејството на НАТО, семејство со 30 нации и речиси една милијарда луѓе. Семејство базирано на сигурноста дека, без оглед на предизвиците со кои се соочуваме, сите сме посилни и побезбедни заедно“, соопшти генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Во понеделник македонското знаме ќе се подигне во седиштето на НАТО во Брисел и во командата на сојузничките сили во Норфолк, Вирџинија. Денеска приемот во НАТО беше одбележан со почесна стрелба од артилериски орудија во скопската касарна Илинден.

Американската амбасадорка честиташе со свој твит:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.