Отворените прашања во регионот го прават Западен Балкан, според Ескобар подложен на злонамерно мешање од страна, вклучително од Русија, а за намалување од опасноста, вели дека треба да се работи на надминување на неразрешените прашања
И Северна Македонија и Бугарија се ценети НАТО членки и сојузници и сакаме мирно решение на сите прашања. Го охрабруваме дијалогот меѓу двете држави да остане врз основа на факти и вкоренетост во заложбата Северна Македонија да продолжи да има ЕУ перспектива. Верувам дека имаме сигурност од Бугарија дека тие сакаат С Македонија да биде дел од Европската Унија. Сакаме да ги искористиме тие можности, зашто С Македонија треба да биде целосен кандидат и итен кандидат за членство во ЕУ. Ова денеска го изјави шефот за Западен Балкан во американскиот Стејт департмент, Габриел Ескобар за ТВ Канал 5 на брифинг за ногинарите, говерејќи за резолуцијата за влез на земјата во ЕУ од Сенатот на САД.
„Северна Македонија е многу солиден партнер на САД, како билатерално, така и мултилатерално во НАТО, ОБСЕ и Вашингтон очекува и по изборите земјата да добие Влада посветена на членство во Алијансата и на интегрирањето во ЕУ“,
рече тој.
Според него, претходната Влада беше посветена на членство во НАТО и на пристапувањето во ЕУ и нашите очекувања се Владата што ќе дојде по изборите да биде слично посветена на членството во НАТО, пристапувањето во ЕУ и на борбата против корупцијата.
„Се надевам дека по изборите ќе се создаде можност да допатувам во земјата. Сегашниот престој во регионот ќе биде посветен на актуелните прашања поврзани со Косово и случвањата во Црна Гора“,
вели тој.
Отворените прашања во регионот го прават Западен Балкан, според Ескобар подложен на злонамерно мешање од страна, вклучително од Русија, а за намалување од опасноста, вели дека треба да се работи на надминување на неразрешените прашања.
САД го поддржаа пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија (ЕУ) во најнова резолуција во Сенатот, спонзорирана од демократскиот сенатор од Вермонт, Питер Велч, демократската сенаторка од Њу Хемпшир, Џин Шахин и републиканските сенатори од Небраска и Северна Каролина, Пит Рикетс и Том Тилис.
Во резолуцијата, како што пренесува Гласот на Америка на македонски јазик, Сенатот ги повика претседателот и државниот секретар на САД, како и европските сојузници, да се залагаат за отворање на првиот преговарачки кластер на ЕУ со Северна Македонија, без дополнителни билатерални услови.
Резолуцијата на Сенатот на САД со која се реафирмира поддршката за отворање на првиот преговарачки кластер на Европската Унија со Северна Македонија, без дополнителни билатерални услови, ќе значи охрабрување на нашата држава да продолжиме на тој пат, но и охрабрување до ЕУ дека треба да се забрза евроинтеграцијата на државата во Унијата. Таа е и порака до политичките фактори овде кои заговараат дека се можни алтернативи на членството во ЕУ, оцени денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи.