Меган Маркл и принцот Хари неодамна се преселија во Санта Барбара, каде купиле нова, прекрасна куќа, а сега се појавија фотографии од домот во кој Меган живеела како дете, и истата сега е на продажба.
Според светските медиуми, куќата во Вудленд Хилс, каде Меган Маркл го поминала детството, се продава на пазарот по цена од 950.000 долари.
Како што се наведува, Меган живеела во двособна куќа со нејзината мајка, татко, брат и сестра.
Како што пишува „Дејли меил“, тоа бил „најголемиот дом во кој живеела Меган за време на нејзината младост“.
Куќата сега е на продажба, а според странските медиуми, додека поранешниот дом на Меган се продава за 950.000 долари, таа и принцот Хари потрошиле дури 14,7 милиони долари на новата, луксузна вила во која сега живеат.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.