Откако му потонаа сите лаги, откако не успеаја сценарија за дестабилизација на земјата, откако неговите пратеници побегнаа од дебата и не гласаа во македонското Собрание, сега на Мицкоски му се виновни ЕУ и еврокомесарот Вархеј.
Тоа ли се насоките од Никола Груевски по кои Мицкоски замина за Будимпешта или има и нешто друго?
Дали во Будимпешта Мицкоски исто така ја ословуаше својата земја како кратенка од регистерска табличка, со НМК?
Дали во колата за Будимпешта освен за Николовски имаше место за неговиот партнер Апасиев?
Мицкоски треба да се отрезни од деструкциите инаку останува сам со Апасиев во анти ЕУ коалицијата која одработува за туѓи интереси – се вели во соопштението на СДСМ.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.