Дефинитивно, денеска Инстаграм е број еден апликација во светот. Таа ја претстави својата функција која на корисниците ќе им овозможи да ги купуваат производите директно преку оваа платформа. Досега, корисниците можеа да ги погледнат деталите за производот, но доколку сакаа да го купат, ќе мораа да го посетат веб сајтот на брендот.
Сега со помош на Checkout on Instagram, корисниците со само еден клик ќе може да го купат оној производ што го сакаат.
Апликацијата ќе ви бара лични податоци и информации за Вашата сметка. Плаќањето ќе може да го правите со Visa, Mastercard, Discover и Paypal.
Оваа апликација досега ја користат повеќе од 20 брендови меѓу кои, MAC, Burberry, Prada, Oscar de la Renta, Balmain, Michael Kors, H&M, Zara, KKW Beauty и Nars.