Седи Дома Со МАКЕДОНСКА Филхармонија!!!

Седи Дома Со МАКЕДОНСКА Филхармонија!!!

Филхармонија започна со емитување на дел од своите симфониски концерти на социјалните мрежи, кои можат да се најдат и на Јутјуб каналот, некои од нив реализирани во соработка со Македонската радио-телевизија.
Поради состојбата во која што се наоѓа и нашата земја, и поради неможноста да се изведе концертната програма во живо, нудиме алтернативна варијанта за сите оние кои сакаат да уживаат во класичната музика и во изведбите на нашите филхармоничари и исклучителните диригенти и солисти кои гостуваа на сцената на Филхармонија.
Серијата емитувања започна со феноменалниот концерт „Моќта на Заратустра“ и изведбата на едно од најмоќните дела во класиката – „Така зборуваше Заратустра“ на Рихард Штраус, под водство на врвниот маестро Антони Вит.

Освен концертите кои се составен дел од официјалната програма, Филхармонија секоја сабота на Јутјуб каналот и на социјалните мрежи ќе ги емитува и Концертите за деца.

Следуваат уште многу возбудливи музички патувања со оркестарот на Филхармонија, кои се надеваме дека ќе ви бидат дополнителен мотив и сатисфакција да останете дома и да ги почитувате препораките!

#СедиДомаСоФилхармонија

Повеќе информации и анкети можете да најдете на нашата Фејбук страница!!!

Па потоа прочитајте уште и ова:

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.