Дванаесет европски филмови се прикажуваат во рамки на седмото издание на „Фестивал на тркала“. Фестивалските тркала тргнаа од 12 декември онлајн на посебна фестивалска платформа на Сinesquare.net и ќе бидат достапни до 19 декември. Годинава во проширен концепт фестивалот има четири програми: игран филм, документарен филм, посебен фокус на француската режисерка на документарен филм Клер Симон на Меѓународниот фестивал на документарен филм Амстердам (IDFA), како и програма за најмладите.
Фокус играни:
1. Сонот на Катрина (Katrina’s Dream)
2. Море од Жито (Mare di Grano)
3. Насмевка (Smile)
4. Гулабот (The Pigeon)
5. Бракот (The Marriage)
Фокус документарни:
1. Каде си Жоао Жилберто? (Where Are You Joao Gilberto?)
2. Крис Швајцарецот (Chris The Swiss)
Фокус Клер Симон:
1. Приемен испит (The Graduation)
2. Младешка самотија (Young Solitude)
Фокус детски:
1. Кариран нинџа (Checkered Ninja)
2. Хакер (Hacker)
3. Улица на надежта (Mercy Street)
Филмските тркала продолжуваат да се движат по патиштата низ земјава овозможувајќи им на децата и на возрасните низ републиката причина за уживање во квалитетен филм од најновата европска кинематографија.
Фестивалот го организира продукциската и дистрибутерска компанија „Катавеј“ од Скопје со поддршка од Министерството за култура на РСМ.