Седуммесечно бебе синоќа починало на скопската Клиника за детски болести, неофицијално дознава „Фокус“.
Според првичните информации, бебето првиот пат кога било однесено на клиниката било одбиено за хоспитализација, а било примено тек после 48 часа кога органите веќе му откажувале.
Директорот ја потврдил информацијата на Фокус.
„Точно е. На клиниката синоќа почпина седуммесечно бебе. Имало некој синдром и биле оштетени повеќе органи, со што состојбата дополнително се влошила“, истакна Мемеди во изјава за „Фокус“.