Седуммина загинати и 20-тина исчезнати по судир на бродови во Будимпешта

Најмалку 7 луѓе загинаа, а 21 се водат за исчезнати откако на реката Дунав во Будимпешта заради невреме потона туристички брод. Сите загинати се државјани на Јужна Кореја, а лошото време ја отежнува потрагата по преживеаните. Меѓу исчезнатите има и најмалку едно дете, потврдија од јужнокорејската туристичка агенција која го организираше патувањето.
Во моментот на несреќата, синоќа околу 22 часот по локално време, на бродот имало 33 лица, главно туристи од Јужна Кореја, а до потонувањето дошло по судар со друг брод.
Министерот за надворешни работи на Јужна Кореја потврди дека 19 државјани на Јужна Кореја се водат како исчезнати, нагласувајќи дека Владата ќе испрати тим официјални лица во Унгарија. Во тек е голема спасувачка акција на Дунав низводно од Будимпешта, а во потрагата по преживеани се вклучени бродови и нуркачи, додека радари ја скенираат реката. Спасувачите предупредуваат дека заради силната струја шансите да има преживеани сѐ помали.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.