Седумте погрешни мажи кои ќе ги сретнете пред да дојдете до вистинскиот

Внимателно читајте, сигурно ќе ги препознаете мажите со кои се обидовте да бидете во врска, но не успеавте да направите нешто повеќе.

1. Идиот

Кратко и јасно, ова е мажот кој немаше никакво почитување кон вас, ниту кон вашето време. Ова е тој тип кој никогаш не ве запозна со пријателите или родителите и оној кој ви праќаше пораки исклучиво после полноќ.

2. Предобар

Сигурно сте го имале мажот кој беше луд за вас и ги исполнуваше сите ваши желби. Ама некако, не ви беше доволно привлечен.

3. Убав, ама глупав

Да бевте површни, тој ќе беше совршениот. Вака, ќе го паметите како згоден дечко кој имаше „само“ една маана – празна глава.

4. Злобен

Секоја жена е привлечена од еден ваков маж кој има нешто неодоливо лошо во себе. Но, изгледа ваквиот однос не е за на долги патеки, па решивте да го пуштите сам по својот пат.

5. Петар Пан

Или поточно, дечкото кој никогаш нема да порасне, и покрај тоа што мислите дека е фаза. Тој може да живее со родителите и по 30-та, сака кога го издржуваат други, кога некој друг готви, чисти, пере…

6. Бизнисмен

Очигледно проблемот во него беше што не знаеше да направи баланс помеѓу работата и приватниот живот, па никогаш не успеавте.

7. Син на мама

Не, не станува збор за уште еден Петар Пан. Ова е мажот кој сакаше да биде возрасен и самостоен, но никако не можеше да донесе одлука без консултација на неговата мајка. Сите ги сакаме родителите, но ова сигурно е претерано.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.