Седум намирници без кои не треба да мине и оваа есен

Дали би сакале да го намалите нивото на лошиот холестерол во крвта, да го прочистите организмот од токсини, да го спречите дејството на слободните радикали и да го зајакнете вашиот имунитет? Освен тоа, секоја есен се соочуваме со проблемите наречени настинка и грип, па ако сакате оваа есен да ги дочекате подготвено, зголемете го внесот токму на овие намирници и зајакнете го вашиот имунитет на природен начин.
Јаболка
Тие помагаат при намалување на нивото на лошиот холестерол и се богати со кверцетини, антиоксиданти кои овозможуваат подобар доток на кислород во белите дробови. Исто така, тие се и одличен извор на витамин Ц, кој помага за зајакнување на имунитетот и во борбата со настинките.
Јаболко со средна големина содржи околу 14 отсто од препорачаните дневни дози за витамин Ц и околу 100 калории, додека пак, нашето тело троши околу 120 калории за да го свари. Освен тоа, ова овошје е одлично и за појадок бидејќи го придвижува целиот метаболизам.


Карфиол
Слично како и јаболката, карфиолот изобилува со витамин Ц. Се смета дека една порција содржи околу 77 отсто од препорачаната дневна доза. Карфиолот е богат со антиоксиданти кои ги отстрануваат брчките, но и фитонутритиенти кои го намалуваат ризикот за добивање на рак на белите дробови. Токму поради оваа карактеристика карфиолот особено им се препорачува на пушачите.
Калинки


Ова овошје поради фактот дека изобилува со витамин Ц, фолна киселина и витамините А и Е, како и калиум, уште се нарекува и суперовошје. Во сокот од калинка се содржат три важни полифеноли кои се моќни антиоксиданти поради кои тој е помоќен и од брусницата, зелениот чај и црното вино. Калинката има и антибактериски својства, штити од појава на дијабетес и рак, и помага во борбата со депресијата. Освен тоа, таа помага и за побрзо топење на мастите и ги ублажува симптомите на остеоартритис.
Тиква
Ова е одлична намирница за сите кои ги мачи поленската алергија. Тиквата изобилува со витамин Ц кој го намалува нивото на хистаминот, и цинк, како и витамин А, кои го зајакнуваат имунитетот. Исто така, таа го блокира настанувањето на слободните радикали и со тоа ги штити ДНК-клетките од предвремено стареење и мутации, а особено им се препорачува на луѓето кои имаат болести на желудникот и цревата.
Кељ
Овој зеленчук изобилува со витамини А, Ц и Е, како и магнезиум и каротеноиди кои го зајакнуваат имунитетот. Кељот ги чисти токсините од организмот, што е неопходно за добро здравје. Исто така, тој помага при кивавица и кашлица кај луѓето кои страдаат од поленски алергии.
Мандарини
Тие содржат двојно повеќе витамин Ц од портокалите и изобилуваат со фолна киселина и бета каротен кои се неопходни за добро варење. Мандарините се одличен извор на пектини кои спречуваат апсорбција на холестеролот на ѕидовите на крвните садови, а со самото тоа го спречуваат и ризикот за појава на гојазност.


Прокељ
Овој зеленчук е одличен извор на витамините А и Ц, протеини, железо и калиум. Исто така, тој изобилува со фолна киселина која е заслужна за зголемување на плодноста и кај мажите и кај жените бидејќи ги зголемува шансите за преживување на сперматозоидите во матката. Освен тоа, тој содржи состојки кои помагаат во регулирање на хормоните кај жените.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.