Првата дама на Америка, Меланија Трамп, избрала да живее помирен живот. Поголемиот дел од своето време го поминува грижејќи се за 12-годишниот син Барон.
Откако семејството Трамп се пресели во Белата куќа, Меланија има повеќе обврски – од декорирање на резиденцијата до планирање на официјални настани. “Business Insider” проба да претстави како изгледа еден обичен ден на првата дама.
Таа се буди покрај својот сопруг околу 5:30 часот. Меланија потоа го припрема Барон за училиште, што подразбира пишување на домашна задача, но и припрема на појадок и ручек за својот син. Таа го испраќа и го зема по часовите, а посветена е и на училишните настани.
Меланија ги посветува своите утрински часови и на вежбањето. Таа вежба пилатес, прави прошетки и игра тенис. Додава и дека здраво се храни – дневно консумира седум овошки, а денот секогаш го започнува со смути.
Иако води сметка за исхраната, таа не може да одолее на чоколадо, сладолед како ни на диеталната Кока-Кола. Омилено јадење ѝ е пилешко со пармезан.
Кога не се појавува во јавноста, Меланија го поминува своето слободно време со родителите и синот. Таа е вклучена во бројни настани кога се во прашање вработените во Белата куќа и нивните обврски.
По напорниот ден, првата дама се опушта со пенлива купка, додека викендите ги поминува на приватниот ресорт на Флорида.