Седум убиени во напад врз џамија во Кенија

Вооружени напаѓачи убиле најмалку седум луѓе во џамија во близина на местото Либои, во источна Кенија, петнаесетина километри од границата со Сомалија, соопштија локалните власти. 

Пет мажи и две жени се убиени во напад во кој уште се ранети и две лица, изјавил за AFP началникот на полицијата во округот Гариса и додал дека групата напаѓачи борела десет вооружени лица.
Според полициски извори во Гариса, тешко вооружените напаѓачи ја нападнале џамијата и пукале врз верниците. Засега никој не ја презема одговорноста а овој напад.
Според комесарот задолжен за областа Гариса, Маалима Мохамед, во нападот учествувале најмалку осум вооружени мажи со автоматски пушки „калашников”, кои отвориле оган врз верниците во џамијата во селото Малелел, пренесува Assocaited Press.
Во областа Гариса, во којашто се наоѓа Либои, во источна Кенија, траат тензиите по интервенцијата на кениската армија во Сомалија во октомври 2011 година, каде што е ангажирана во африканските напори за протерување од соседната земја на исламистичките бунтовници од групацијата ал-Шабаб. Меѓутоа, досега не беше забележан напад врз џамија.
По влегувањето на кениските единици во Сомалија, во Кенија се изведени многу напади во областите на Гариса и Момбаса, на кенискиот брег, но и во главниот град Најроби.
Кениските власти редовно овие напади ги припишуваат на бунтовниците од ал-Шаабаб, кој се закануваа со одмазда, но никогаш не ја преземаат одговорноста за нападите.
Аналитичарите, исто така, не ја исклучуваат поврзаност на нападите со тензиите пред општите избори коишто во Кенија треба да се одржат на 4-ти март.
Макфакс
Вооружени напаѓачи убиле најмал

Пронајдете не на следниве мрежи: