Седум хранливи материи со кои изобилуваат портокалите

Портокалот припаѓа во најпопуларните тропски овошја, а покрај тоа што е вкусен и освежувачки, овој плод изобилува со бројни хранливи материи и антиинфламаторни состојки.
Еден среден портокал (околу 130 грама без кора) содржи 62 калории, 1 грам протеин, 12 грама шеќер и 3 грама влакна. Оваа количина подмирува дури 116% од дневните потреби на организмот за витаминот Ц, како и 6% од дневните потреби за витамин А и 10% за фолната киселина. Од минерали, портокалите се богати со калиум кој е важен за кардиоваскуларното здравје и содржи помала количини на калциум.


Портокалите исто така содржат и флавоноиди кои делуваат кардиопротективно, додека лимонската киселина што ја содржат може да помогне да се спречи каменот во бубрегот. Витаминот Ц во портокалите исто така ја подобрува апсорпцијата на железо од дигестивниот тракт и на тој начин помага во спречување на анемија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.