Централна Хрватска, рано наутро во средата, беше потресена од два нови силни земјотреси со епицентар во областа Петриња, со јачина од 4,7 и 4,8 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресот во 6,15 часот беше со јачина од 4,7 степени, оној малку подоцна 4,8 степени со епицентар во областа Петриња, рече Инес Иванчиќ, раководител на сеизмолошката служба за хрватското радио.
Таа потврди дека тлото ќе продолжи да се тресе. „Ќе се тресе долго време, земјотресот во вторникот беше уништувачки и со голема сигурност ќе го следат голем број земјотреси, меѓу кои, сигурно, ќе има и посилни“, рече таа.
Таа потврди дека послабите земјотреси, како утрово, ќе имаат влијание врз објектите во Петриња и Сисак кои беа оштетени во земјотресот во вторникот. „Секако“, рече таа.
Таа изјави дека Петриња е погодена од „огромна количина“ мали земјотреси од понеделникот. Се тресе скоро секоја минута, рече Иванчиќ, наведувајќи дека имало најмалку 25 до 30 земјотреси посилни од 3.