Фолк ѕвездата Сека Алексиќ се најде во центарот на вниманието поради својата објава на социјалните мрежи.
Имено пејачката предизвика гнев кај нејзините фанови бидејќи објави фотографија на која има книга која е со наслов „Смислата на животот: Православие или јога- зошто јогата е опасна по духовното и телесното здравје“, а под фотографијата таа напиша дека книгата е феноменална.
Preporucujem svima ovu fenomenalnu knjigu! https://t.co/xGS8KDnZbR pic.twitter.com/BhB95Xmc8h
— Seka Aleksic (@poslednjilet) April 6, 2019
-Феноменална книга, ја препорачувам на сите, имате и линк, пишува пејачката.
Ова сепак ги подели нејзините фанови кои веруваат во верата, но и оние кои сакаат јога па настана вистинска војна на нејзиниот профил, а некои фанови дури ја прогласија пејачката за луда.