За некои очекувано за некои како изненадување Даниела Рангелова пратеник на ВМРО и претседател на Жените на ВМРО отиде да прави гласа на референдумот и со тоа го помогна цензусот. Според наши информации имало експлозија на реакции кај Унијата на Жени на ВМРО. Партијата која требаше да ги штити интересите на Македонскиот народ доби ново лице. Може ли сега некој да го објасни овој апсурд. Христијан Мицковски бил против гласање или за гласање, веќе не се ни знае, тоа бил партиски став, а Претседателката на жените отиде да гласа. Ко то тамо пева? Добро бе толку ли мислите дека народот е глуп?
Изминатите денови како вирус се шири слика на ФБ од актуелната Председателка на Унија на жени на ВМРО, член на Извршниот комитет и актуелен пратеник од редовите на ВМРО со навредливи тагови. Уште поиндикативно е дека ја споделува и ја постира младината на ВМРО ДПМНЕ. Каква е целта на оваа директна провокација? Подолу оргиналната слика од која што е настаната провокацијата.
Мицковски веќе се пере од пратениците и ќе се огради од 2/3 мнозинство што е невозможно да се обезбеди без пратениците на ВМРО за имплементација на договорот од Преспа и промена на уставното име и по пропаднат референдум.
СЕКОГАШ ВТОРА, НИКОГАШ ЈЕДИНА се однесува на Претседателското место на Унија на жени или трнливиот пат што го помина да стигнеш до него? Кога младината на ВМРО ти шерува по цел ФБ ваква слика, се перат од тебе и од другите пратеници. За пензија те спремаат, со нарачана пропаганда за твојот лик и дело.