На денешната прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски изјави дека Владата апсолутно го осудува секој говор на омраза во Република Северна Македонија, без разлика дали е искажан на социјални медиуми, на трибини, на конгреси.
-Секогаш сме го осудувале говорот на омраза и во овој случај го осудуваме, потенцираше Бошњаковски, на новинарско прашање за говорот на омраза од поглаварот на Исламската верска заедница на Македонија, реис Сулејман Реџепи упатен на церемонија на поставување камен темелник на џамија за што тој на својот Фејсбук профил објави видео во кое за време на церемонијата на поставувањето на камен темелник на џамија во скопското село Арнакија посочува дека македонскиот народ е див и затоа немаат идентитет и никогаш нема да го има.