сабота, 14 ноември 2026
Најново

Секогаш сме го осудувале говорот на омраза, рече Бошњаковски

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На денешната прес-конференција  владиниот портпарол Миле Бошњаковски изјави дека Владата апсолутно го осудува секој говор на омраза во Република Северна Македонија, без разлика дали е искажан на социјални медиуми, на трибини, на конгреси.
-Секогаш сме го осудувале говорот на омраза и во овој случај го осудуваме, потенцираше Бошњаковски, на новинарско прашање за говорот на омраза од поглаварот на Исламската верска заедница на Македонија, реис Сулејман Реџепи упатен на церемонија на поставување камен темелник на џамија за што тој на својот Фејсбук профил објави видео во кое за време на церемонијата на поставувањето на камен темелник на џамија во скопското село Арнакија посочува дека македонскиот народ е див и затоа немаат идентитет и никогаш нема да го има.

Поврзани вести