Секогаш совршено ‘скоцкана’: Викторија Бекам докажа дека и дома може да изгледаме елегантно!

И додека со години наназад водечкиот моден ‘must have’ во гардероберот на секоја жена беше мал црн фустан, новото нормално и пандемијата на коронавирусот оваа сезона променија многу нешта.
Помина речиси цела година откако на глобално ниво се соочивме со Ковид-19, кој во нашите животи, но и во модната индустрија донесе многу промени.
Имено, сè повеќе време поминуваме дома, па гламурозните модни парчиња паднаа во заборав, но за тоа дека и дома може да изгледате како стилска икона, сведочат пижамите на Викторија Бекам.
Викторија пронашла начин како за своите фанови да креира гардероба која може да се носи и во удобноста на нашите домови. Покрај фармерките, кои ги претстави за време на овогодишната Модна недела и соработка со „Reebok“, каде потпишува модел на хеланки, дошол ред и за прекрасни пижами.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)


Имено, Викторија во колекцијата со облека има и пижами, кои и сама сака да ги носи. Омилени ѝ се пругастите во кои позирала за фотографија на Инстаграм. Станува збор за модел кој, ако нас нè прашувате, може да се носи и надвор и тоа како беспрекорно скроено шик одело.
Пижамите на Виторија Бекам се направени од лесен памук со темно сини и кремасти пруги, а во понудата исто така има наметка, маска за очи и патна торба со истиот дизајн. Секое парче на себе има и извезено лого од брендот ‘VVB’, додека наметката може да се нарача и со персонализирани иницијали.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)


„Ова сакам да го носам по напорната работа во понеделник! Опседната сум со овој прекрасен VVB сет на пижами“, напишала дизајнерката покрај фотографијата која ја објавила на Инстаграм.