Секогаш ќе постои една личност која не можеме да ја заборавиме

Секогаш ќе постои една личност која ќе остане во вашето срце, до вашиот последен здив.
Тоа е личноста која секогаш ќе има делче од твоето срце. Тоа е една личност која ве промени и која влијаеше на вашиот живот, на начин на којшто никогаш не сте ни размислувале. Без оглед на тоа колку долго останала таа личност покрај вас, таа секогаш ќе биде во вашите мисли. Никогаш нема да можете да се ослободите од нивната сенка, ниту од најубавите соништа ниту пак најлошите кошмари.
Но, зарем тоа не е преубаво нешто?
Знаете дека таа личност ве сакала. Дека бевте драгоцени и обожавани во нивните очи и дека тие ве правеа среќни. Дека ве изменија, ве изградија. И, иако таа личност не е се уште покрај вас, таа љубов трае и ќе остане засекогаш во вас. Таа љубов силно живее во вас.


Таа личност ви покажа дека сте убави и способни, и дека заслужувате да бидете среќни. Нивната љубов ве научи дека можете да бидете слободни, да сакате и да бидете сакани.
Не гледајте на тоа што тие не се во вашиот живот како на трагедија. Не велете дека нивното заминување екатастрофа. Гледајте го тоа како голема лекција и отворен пат кон нов вид на магија во вашиот живот. Имајте љубов на кратко. Имавте огромна љубов, каква што само мал дел од луѓето имаат привилегија да ја доживеат. Затоа, не очајувајте.
Не се осмелувајте да кажете дека никогаш веќе нема да сакате.
Ќе сакате повторно.
Не мора да ја заборавите оваа личност. Тоа нема да ја направи љубовта помала. Но, ќе научите да продолжите.
Новата љубов не значи дека ќе биде исто толку силна, но дајте и шанса. Дајте си себеси шанса да сакате повторно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.