Секое училиште ќе треба да вработи медицинска сестра?

Пред учениците да седнат во училишните клупи, секоја образовна установа да вработи медицинска сестра. Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари со иницијатива до надлежните инситутции за поголема безбедност на децата во услови на пандемија од Ковид-19. Откако Владата одлучи на 1-ви октомври настава со физичко присуство да посетуваат од прво до трето оддееление, од АСМЛ велат дека нивниот предлог е во вистинско време кога медицинското лице ќе може да ги едуцира децта како правилно да ја носат маската, миење на раце но и соодветна грижа ако се појави сомнителен случај на корона.
-Пред се тие ќе бидат во функција на едукација, превенција и тријажа. Ваков образовен кадар е неопходен за намалување на инфекциите во училиштата кај учениците, за целокупното здравје кај децата и секако за родителите за намалување на оној страв за она што ги чека сега од 1-ви октомври, вели др. Божидар Кочоски од АСМЛ.
Од Асоцијацијата велат дека ваква пракса со вработено медицинско лице има во приватни образовни установи кај нас, но и во многу други земји. Според нивните анализи кадар има и треба само добра волја од надлежните за спроведување на предлогот во пракса.
-Училиштата се големи установи и некои од нив се можеби блиску до некој здравствен дом или здравствена установа и можеби не треба постојано вработено лице туку добра координација. Но, во училиштата како големи колективи и тоа како е потребно медициснко лице, вели др. Кочоски.
Од Министерството за здравство се согласуваат со иницијативата на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари. Од образование, пак, со одговор дека наставата во учебната 2020/2021 ќе се одвива согласно план и протоколи за настава, одобрени од страна на Комисијата за заразни болести. Евентуалните дополнувања на истите треба да бидат утврдени и одобрени од страна на Комисијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.