Секоја жена би сакала ваква честитка: Милијардерот покажа колку ја сака фаталната Лорен

Џеф Безос на посебен начин и го честиташе роденденот на својата свршеница Лорен Санчез.Милијардерот Џеф Безос ужива во љубовта со Лорен Санчез , која го прослави својот 55-ти роденден.Волшебната Лорен е позната по своите облини кои сака да ги истакнува во преден план , а сега доби посебна честитка од нејзиниот иден сопруг.“Неверојатна година! Напиша книга за деца и сега си најпродаваниот автор. Имам чувство дека твојот следен круг околу сонцето ќе биде фантастичен. Среќен роденден, љубов”, напиша Безос под заедничката фотографија.А освен убави зборови, милијардерот избра и убава фотографија. Така Лорен позира на неа во тесен црн фустан кој ја следи линијата на телото, додека Безос е насмеан покрај неа во малку полежерно издание. View this post on Instagram A post shared by Jeff Bezos (@jeffbezos)Лорен секогаш споделуваше честитки на својот Инстаграм профил кои ги добиваше од семејството и пријателите, но не се сомневаме дека оваа од Безос и е омилена.Ден пред роденденот, овој пар е виден на вечера заедно со Доналд Трамп, пишува Њујорк Пост.Безос и Лорен ја објавија својата врска во 2019 година, набргу откако тој стави крај на претходниот брак од 25 години.Дека е сигурен во љубовта со Лорен покажува и фактот дека се свршени од 2023 година, а извесен период се шпекулираше дека подготвуваат тајна венчавка за крајот на годината, но тоа се уште не се случило.

Пронајдете не на следниве мрежи: