Секој граѓанин должи 5.300 евра – Македонија ја заврши 2024 со јавен долг од 9,7 милијарди евра

Македонија ја заврши 2024 година со јавен долг од 9,7 милијарди евра или 62,7 отсто од Бруто домашниот производ.

Секој граѓанин има долг од околу 5300 евра. Јавниот долг изнесуваше 8,8 милијарди евра во третиот квартал од 2024 година, но оваа сума се зголеми по кредитот кој Владата го зема од Украина, пишува Алсат.

Покрај зголемувањето на јавниот долг, граѓаните се соочија и со зголемување на минималната потрошувачка кошничка која во декември изнесуваше приближно 63.000 денари, додека во декември лани беше 56.522 денари. Ова доаѓа следствено, откако поскапеа основните производи за живот.

Пронајдете не на следниве мрежи: