Агенцијата за статистика на Шведска соопшти дека секој нејзин жител минатата година заработил во просек 26.581 евра.
Сепак, приходот варира значително помеѓу градовите во таа земја.Во соопштението на Агенцијата се вели дека најголема плата е забележана во Дандерид, предградие на Стокхолм, каде лани граѓаните заработувале во просек 35.547 евра.
На врвот на списокот се предградијата Таби, Лома, Нака, Никварн и Лидидо, повеќето во близина на главниот град Стокхолм.
Најниски годишни приходи се забележани во Хапаранди, Љуснарсберг, Арјанг и Ед.
Во соопштението, исто така, го привлекува вниманието и фактот дека мажите продолжуваат да заработуваат многу повеќе од жените, но јазот во приходите полека се стеснува.