Секој преносител во просек заразува 5,7 други со КОРОНАВИРУС – СТУДИЈА

Секој преносител во просек заразува 5,7 други со КОРОНАВИРУС – СТУДИЈА

Секој човек кој е инфициран од коронавирусот обично ја пренесува заразата на други 5.7 луѓе, покажува математичката анализа на Националната лабораторија во Лос Аламос. Таа бројка е двојно поголема од онаа што Светската здтавствена организација ја објави во февруари годинава, пренесува „Bloomberg“.

Со оглед на тоа што податоците сега се однесуваат само на епидемијата со КОРОНАВИРУСОТ, истражувачите посочуваат дека пандемијата ќе биде тешко да се контролира на начинот кој го применуваат одредени држави во светот.

Како што прикажала студијата, за да се уништи вирусот, дури 82 отсто од светската популација би морала да стекне имунитет преку вакцинирање или преку прележување на заразата, наведува експертскиот тим од Лос Аламос.

НА ТЕМА ПРОЧИТАЈТЕ УШТЕ И:

Италија: Нови 610 луѓе починаа од КОРОНАВИРУС

Убиен градоначалник поради мерки против короната, не им се допаѓале на членови на мафијата!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.