Секој четврти Германец е подготвен да гласа на сојузните избори во септември за партија која се залага за напуштање на еврозоната, покажа испитувањето на јавното мислење објавено во понеделник.Водечките германски партии и натаму го поддржуваат еврото и покрај незадоволството на дел од населението поради високите трошоци на кризата во еврозоната и големата помош на државите во криза, како што е Германија.Анкетата, која ја спроведе TNS-Emnid за магазинот Focus, покажа дека 26 отсто од Германците би размислиле за поддршка на партија која ќе сака да ја извади Германија надвор од еврозоната. Најголем дел од Германците кои се со вакво размислување се на возраст од 40 до 49 година.Новото евроскептично движење наречено Алтернатива за Германија, чии членови воглавно се академици и деловни луѓе, би требало во понеделник да го одржи својот прв состанок во едно предградие во близината на Франкфурт.Еден од основачите на движењето, професорот по економија Бернд Луке изрази уверување дека ќе успеат да соберат по 2.000 потписи во секоја германска покраина, со што ќе го исполнат условот да учествуваат на сојузните избори.„Сојузна Република Германија се наоѓа во најдлабоката криза во својата историја. Воведувањето на еврото беше фатална грешка, која е закана по нашиот просперитет. Старите партии тврдоглаво одбиваат да ја признаат грешката и да ја поправат“, се наведува на интернет страницата на Алтернативата за Германија.
МакфаксСекој четврти Германец е подготвен да гласа на сојузните избори во септември за партија која се залага за напушт