Секој четврт Германец е мигрант или потомок на мигранти

Скоро четвртина од населението на Германија има мигрантско потекло, објави во четвртокот заводот за статистика.

„19 милиони или 23 отсто од германското население се или имигранти или двајцата родители емигрирале во Германија“, се наведува во соопштението.
Од нив, 14,2 милиони или 17,3 отсто се луѓе кои емигрирале во Германија од друга земја по 1950 година. Од нив, 4,7 милиони или 5,7 отсто се потомци на директни имигранти. Дополнителни 3,7 милиони жители имаат еден од нивните родители кој е имигрант, но според последните критериуми овие лица повеќе не се бројат како лица со мигрантско потекло.

Според податоците на Евростат, Германија е меѓу земјите на Европската Унија со најголем процент на имигранти меѓу жителите. Рекордери се Малта (22,3 отсто) и Шведска (21,9 отсто), додека Бугарија, Романија и Полска имаат најмал удел на имигранти во вкупното население (под еден отсто).
Со оглед на тоа што објавените бројки се однесуваат на 2021 година, статистиката не ги вклучува бегалците од Украина, од кои само во Германија побегнале повеќе од милион.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.