Секретарот на Скопје и врати на Данела: Разочаран сум од нејзиниот слаб капацитет!

Сега веќе сменетиот генерален секретар на град Скопје, Ѓоко Велковски, и пиша на Данела на својот Фејсбук профил. Во објава тој потенцираше дека бил разочаран од слабиот потенцијал на градоначалничката Данела Арсовска.

Пред неколку месеци Ѓоко беше предмет на контроверза кога беше објавено дека неговата позиција во градот има конфликт на интереси…

Секретарот на Скопје и врати на Данела: Разочаран сум од нејзиниот слаб капацитет!

„Како човек кој секогаш одговорно и професионално си го извршувал своите работни задачи морам да потенцирам дека за мене беше вистински предизвик да бидам на позицијата генерален секретар на Градот Скопје, особено што тоа е место каде човек може вистински да се вгради во развојот и Скопје и да работи на вистинско решавање на бројните проблеми на скопјани. На ова место дојдов со ентузијазам и план да воспоставиме вистинска работна пракса и да ги покренеме процесите кои повеќе години претходно беа заглавени и далеку од потребното ниво. Со оглед на тоа што на оваа позиција дојдов откако претходно бев избран за советник во општината Чаир, кое е местото каде што живеам и каде што исто така имам обврска да придонесувам барав Државната комисија за спречување на корупцијата да се изјасни за таквата ситуација. Таа овие денови ме известија дека ќе морам да се определам за една од тие две позиции, при што јас донесов одлука да си заминам од позицијата генерален секретар на градот Скопје и да се посветам на советничката функција каде сум избран од граѓаните на Чаир“, пишува поранешниот генерален секретар на град Скопје на „Фејсбук“.

Секретарот на Скопје и врати на Данела: Разочаран сум од нејзиниот слаб капацитет!

„Оваа моја одлука ја донесов и поради фактот што сум разочаран од слабиот потенцијал за работа и несоработката од градоначалничката Арсовска во реализацијата на капиталните проекти за градот Скопје. Ветувањето кон скопјани беше модерна метропола, а резултатите да бидат брзи и сигурни. По течиси една година во Градот можам да кажам дека таму има поединци и професионалци вработени во градот кои со децении придонесуваат за развој на градот и им благодарам за соработката, пожртвуваноста и нивниот придонес. Но воедно залуден е мојот и нивниот ентузијазам кога Арсовска покажува затвореност, поинакви приоритети од ветените, слаба динамика во темпото на реализација додека проблемите се наталожуваат. Во таква една ситуација развојот на градот Скопје не е можен, иако граѓаните со право очекуваа по нејзиното стапување на функција многу повеќе.

Сакам да посочам дека јас ќе продолжам да придонесувам за Скопје од позицијата советник во Општина Чаир, останувам и посветен на мојата ВМРО ДПМНЕ и членовите на Општинскиот Комитет Чаир кој го предводам, благодарам за укажаната доверба и поддршката од сите мои пријатели и соработници, на поддршката од мојата партија и претседателот Мицкоски со кој продолжуваме да го остварувамe она што неминовно ќе мора да се случи за да Македонија се крене, промени за сигурна иднина“, се додава во неговата објава.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.