Секси авантура или безобразно добар бустер на самодоверба…

Слободно препуштете се, но не ги заборавајте овие работи…

Трамп ќе побара од Панама да го предаде каналот на САД
Новоизбраниот претседател Доналд Трамп во саботата ја обвини Панама дека наплатува прекумерни тарифи за користење на Панамскиот канал и рече дека доколку Панама не управува …
Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг
Словенечкиот јавен сервис – Радио телевизија на Словенија – побара на Израел да му се забрани учество на Евровизија во 2025 година поради војната во …

Авантурата потполно ќе ви ја зашемети главата. Што значи дека од вашето слободно време и нема да остане многу. Токму сингл статусот е рецепт за спонтаност во вистинска смисла на зборот, но тука се крие предноста на авантурите-вие всушност сте сингл и времето го организирате токму како ви одговара!
Тој веројатно нема да биде Вистинскиот. Со него ќе ви биде забавно, ќе мислите на него скоро цело време, но мала е веројатноста дека во потрага по секси авантура ќе налетате на човекот на вашиот живот. Доколку сакате само лудо да де забавувате и од целата приказна да не излезете разочарани, ова е работа која не смеете да ја заборавите.
Авантурата е прилика да му дадете шанса на некој кој воопшто не е ваш тип. Што од една страна може да ве потсети зошто за вас двајца нема шанса приказната да се продолжи, а од друга страна пак да ви ги отвори очите и да ве потсети дека господинот Совршен можеби треба да го барате на места на кои досега не ви текнало, далеку надвор од вашата конфорт зона.
Тој не ви е дечко. Што значи дека лигавото однесување кое е типично за паровите би требало да го сведете на минимум, за да не бидете љубоморни доколку во приказната вледа некој трет и добро да размислите колку треба да го пуштите во вашиот живот.
Авантурата доаѓа со рок на траење. Што значи дека авантура не е добра идеја за вас доколку лесно се заљубувате и тешко се разделувате. Ако сте една од личностите кои тешко прифаќаат дека добрите работи имаат крај, подобро останете сингл!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.