Иако фантазиите се добри за сексуалното здравје, сепак можат да бидат опасни за врската, потврди студија во Велика Британија.
Во истражувањето учествувале 3.000 луѓе, а скоро 57% од нив велат дека во текот на сексот со партнерот фантазираат за некој друг. Тоа најчесто го прават по караница, пренесува Daily Mail.
Жените по ова прашање се послободни, па дури 45% од нив редовно фантазираат за друг љубовник додека имаат секс со партнерот. Сексуални фантазии најчесто имаат луѓе на возраст од 35 до 44 години, а централно место имаат љубовници од реалниот живот, а не славни личности.
Најпопуларна фантазија е секс со бившиот, за што мечтаеле 40% од испитаниците. Популарно е и играњето улоги, гледањето порно филмови и секс во тројка. Истражувањето откри дека жените кога се сами си гледаат порно филмови.
Сексуалните фантазии најмногу ги остваруваат во спалната соба, четвртина од нив тоа го прави во бањата, а 15% имале секс на работно место. Околу 9% од паровите имале секс на јавно место.
„Фантазиите се еден вид прилика за бегство од реалност која помага да постигнете оргазам. Жените во нив го остваруваат она од кое што се плашат или им е срам да прашаат. Машките фантазии се подеднакво вообичаени, иако најчесто се сметаат за „валкани“ фантазии. Тие фантазираат за секс со бившата, таа фантазија им помага да ја кренат самодовербата бидејќи знаат дека во тоа веќе добро се снашле“, истакнува психотерапевтката Пем Спар.
Со текот на времето сексот станува рутина, па фантазирањето за некој друг може да биде добро, смета таа.