Иако авторката немала намера да биде смешна, нејзината книга „Упатство и совети за младата невеста“ од 1894 година насмеа многумина денес.
„Омилената сопруга на Пречесниот Л. ги претставува младите жени како неискусни девојки, а мажите како предатори кои не можат да живеат без секс.
На жените им се советува да „издржат“ бидејќи на тој начин ќе ги задржат своите сопрузи, ќе имаат сигурна иднина и ќе имаат деца. Сексот двапати неделно е сосема доволен на почетокот на бракот, а на жената останува да се обиде со текот на времето да ја намали таа бројка. Тоа може да го направи така што ќе се преправа дека има главоболка или некоја болест, а може и да се преправа дека е во длабок сон.
Доколку сака да ја бакне во уста, секако подобро би било да ја сврти главата така што усните да завршат на нејзиниот образ. Почнувањето расправија еден час пред можниот однос е исто така добра пречка. Тоа сигурно ќе го олади.
Мажот, според оваа книга, не треба да се поттикнува на секс, бидејќи би сакал да го практикува секој ден. Ги предупредува жените дека мажите се „по природа перверзни“ и дека можат да смислат секакви идеи. Жените треба да бидат особено внимателни кога станува збор за ненормални пози на предмети и користење на устата на различни делови од телото. Голотијата, приказните за сексот, гледањето фотографии и цртежи кои прикажуваат или сугерираат секс „се одвратни навики кои мажот веројатно ќе ги стекне ако му се дозволи тоа“.
Ако се случи секс, жените треба да внимаваат да го прават тоа во темница. Дополнително, би било добро да носат дебели ноќници кои нема да ги соблекуваат. Важно е и пред и за време на самиот чин да „одмарате што повеќе“ и да не го охрабрувате мажот уште повеќе. На жените им се советува да не му помагаат на сопругот да дојде во спална по темница, бидејќи со малку среќа може да падне и да се повреди, а тоа е добар изговор за да нема секс. Меѓутоа, ако сепак успее и се обиде да се вовлече под нејзината ноќница, еден од изговорите би можел да биде: „Морам да одам во тоалет“.
Забележано е и дека паметните жени мора да се трудат да ги усовршат методите на одбивање и обесхрабрување на нивните сопрузи од секс.
– До петтата година од бракот тој „непријатен настан“ ќе се намали на еднаш месечно, а до десетгодишнината повеќето жени би требало целосно да го отстранат сексот од спалната соба. Дотогаш повеќето брачни парови веќе имаат деца и нема потреба од тоа – напишала оваа сопруга на методистички свештеник.
Нејзиниот концизен совет гласи вака: „Едно кардинално правило на бракот е дека тој никогаш не смее да се заборави: давај малку, ретко и, пред сè, неволно“.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.