Села и Таравари се расправаат на дистанца за печатите на партијата, се обвинуваат меѓу себе за притисок врз судот

„Таравари освен печатите и седиштето, има уште 100 лица“.

Ова беше одговорот на Зијадин Села прашан за изјавите на Таравари дека тој ги има печатите и седиштето на АА.

Села исто таа му порача на Таравари да продолжи по патот по кој тргнал, кој, според него, ќе заврши во ВМРО-ДПМНЕ.

„Некој велеше дека партијата не ја сочинуваат печатите, туку народот. Го изгуби и членството и народот и се, му остана Мицкоски. Му остана ВМРО, еднаш излегуваат и велат дека ВРЕДИ ќе биде една партија, но како што изгледа ќе заврши како потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Села.

Кога го прашавме Таравари за ова, тој одговори:

„Сметам дека е цинично за некој кој ми беше соработик 8-9 години, некоректно е да го каже тоа, но како и да е , само здравје да има“, Таравари.

Судскиот процес за печатите на АА се уште не е завршен. Таравари кој е еден од лидерите на ВРЕДИ, која формираше Влада заедно со ВМРО-ДПМНЕ, вели дека веќе нема притисок врз судството за прашањето на печатите на АА, затоа смета дека ќе се донесе праведна одлука.

„Судската одлука донесена од Тетовскиот суд, по промената на 5-те судии и под притисок на Министерството за правда, беше такава како што беше, сега има жалба во Апелација со факти на пола од членовите на собранието кое е наторазирано во нотар, веќе нема политички притисоци, се надевам и сум убеден дека одлуката ќе биде праведна и според заслугите.“, вели Таравари.

Токму за овој притисок врз судството за кое Таравари претходно ја обвинуваше пертходната власт, сега исти обвиненија упатува Села кон новата власт.

„Тој ја играше улогата на дете дека има притисок врз судството и такви работи, но како што се гледа притисокот во судството се врши токму од него. Ова влада постојано зборува за реформи во судството, но од друга страна тие се тие кои вршат притисок врз судовите, добив информации дека сега смениле судија во Апелација.“, вели Села.

Според Села, најдобар доказ за тоа чија е АА и каква волја има оваа партија се гласовите на 2/3 на делегатите на Конгересот. А Таравари дел од АА кој го поддржува Села го нарече „мала фракција со десетици луѓе„.

Пронајдете не на следниве мрежи: