По вчера искажаниот став на премиерот Заев за трансформацијата на косовските безбедносни сили во Војска на Косово, лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села му напиша на македонскиот премиер Зорн Заев да не му кажува на Косово што да прави, туку да му честита за формирањето на национална армија.
-Тоа претставува националистичка изјава која пред се е насочена против Албанците во Косово, како и против САД, изјави Села.
– Таквиот вокабулар на Заев го доведува во прашање неговиот однос со САД, оставајќи сомнеж дека таквото сценарио им одговара само на Србија и Русија, напиша Села на својот Фејсбук профил.
Меѓу другото Села му порачува на премиерот Зоран Заев да погледне во сопствениот двор и да ги спроведе вистинските реформи во Македонија, без да се меша во внатрешните работи на Косово. Од Алијансата за Албанците, стои понатаму во статусот, го повикуваат премиерот веднаш да ја повлече својата изјава и во име на Македонија да и честита на Косовската Влада за нејзината армија.