недела, 29 ноември 2026
Најново

Села му се налути на Заев зошто не му честитал формирање Војска на Косово

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

По вчера искажаниот став на премиерот Заев за трансформацијата на косовските безбедносни сили во Војска на Косово, лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села му напиша на македонскиот премиер Зорн Заев да не му кажува на Косово што да прави, туку да му честита за формирањето на национална армија.
-Тоа претставува националистичка изјава која пред се е насочена против Албанците во Косово, како и против САД, изјави Села.
– Таквиот вокабулар на Заев го доведува во прашање неговиот однос со САД, оставајќи сомнеж дека таквото сценарио им одговара само на Србија и Русија, напиша Села на својот Фејсбук профил.
Меѓу другото Села му порачува на премиерот Зоран Заев да погледне во сопствениот двор и да ги спроведе вистинските реформи во Македонија, без да се меша во внатрешните работи на Косово. Од Алијансата за Албанците, стои понатаму во статусот, го повикуваат премиерот веднаш да ја повлече својата изјава и во име на Македонија да и честита на Косовската Влада за нејзината армија.

Поврзани вести