Селекторот на норвешката репрезентација, Стале Солбакен, остро ги критикуваше организаторите на Светското првенство по низата настани што го означија почетокот на турнирот во Канада, Мексико и САД.
Причина за неговата реакција беше случајот со ирачкиот репрезентативец Ајмен Хусеин , кој по пристигнувањето во Чикаго беше подложен на речиси седумчасовно испрашување по влегувањето во земјата.
„Вие сте лицемери, ние сме лицемери. Тука сме да играме фудбал“, рече Солбакен кога беше прашан за ситуацијата со ирачкиот напаѓач.
Норвешкиот експерт смета дека третманот на кој бил подложен Хусеин бил непотребен.
„Мислам дека сите се согласуваме дека не беше потребно“, рече селекторот на Норвешка.
За време на прес-конференцијата, имаше и прашања за тоа како тој го коментира фактот дека бројните настани надвор од спортските терени влијаеле врз подготовките на националните селекции за првенството.
„Мислам дека сите можеме да се согласиме дека многу работи можеа да бидат поинакви, но сите сме лицемери. Има многу теми за кои би можел да зборувам. Бројни ситуации, се разбира, можеа да се решат на поинаков начин“, истакна Солбакен.
Кога беше замолен да разјасни што конкретно мисли, норвешкиот тренер се осврна на актуелните геополитички настани на Блискиот Исток.
„Често размислувам за тоа. Од фактот дека една од земјите домаќини е во конфликт со друга земја, до проблеми како оној што го споменавте“, рече Солбакен, алудирајќи на визните и граничните процедури со кои се соочија некои учесници пред почетокот на турнирот.
Норвешка ќе го игра својот прв натпревар на Светското првенство против Ирак на 17 јуни.
The post Селекторот на Норвешка пукаше кон организаторите на Светското првенство: „Лицемери!“ appeared first on Во Центар.



