Селена Гомез пробала филтер инспириран од Бела Хадид на ТикТок и вели дека би сакала да биде толку убава.
Селена го вклучила филтерот што ѝ го променил лицето и рекла: „Моето име е – Бела Хадид“.
Во описот на видеото, 30-годишната актерка напишала: „Посакувам да бев убава како Бела Хадид“.
На следното видео се гледа Гомез без филтер, а таа вели: „Наместо тоа, ова сум јас. Случајно премногу ги ламинирав веѓите“.
„Моето име е Селена Гомез. Видете, тоа не ни звучи секси“, изјавила таа.
Успешните и убави бринети имаат повеќе заедничко отколку што мисли Гомез, бидејќи и двете беа во врска со музичарот Д Викенд (33).
Музичарот, чие вистинско име е Абел Тесфаје, беше во врска со Хадид од април 2015 до ноември 2016 година.Потоа беше во врска со Гомез од јануари 2017 година.