Селена Гомес покажа како изгледа без шминка

Американската пејачка Селена Гомес на својот Instagram профил објави фотографии на кои не носи шминка.

Со оглед на тоа што голем број познати личности секогаш објавуваат ретуширани фотографии, Селена доби пофалби што избрала на своите следбеници да им го покаже својот природен изглед.

„Ајде да не се грижиме за мозолчињата и да ги третираме како нешто што е сосема нормално. Селена, охрабри многу млади девојки“, напишал еден корисничка на споменатата социјална мрежа.
„Конечно славна личност која не се срами да ја покаже својата природна страна“, е исто така еден од коментарите.

Потсетуваме, Селена неодамна го објави документарниот филм „My Mind & Me“ во кој откри детали од нејзиниот приватен живот. Меѓу другото, таа напомена дека лекарите ѝ рекле дека можеби нема да може да има деца, бидејќи зема лекови за биполарно растројство.
„Ова е сериозна работа што влијае на мојот живот. Меѓутоа, ако му е судено да имам, нека ќе биде“, рече таа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.