Селин Дион открива како изгледаат нејзините деветгодишни близнаци

Селин Дион е една од ретките јавни личности кои не ги споделуваат приватните моменти, а своето семејство таа не сака јавно да го експонира.
Сепак, сега направила исклучок поради една посебна прилика. Нејзините деветгодишни близнаци слават роденден.


Мама Селин се пофалила со своите дечиња на Инстаграм, Нелсон и Еди.
„Дупла насмевка, дупла радост, дупла љубов. Среќен роденден Нелсон и Еди. Многу сум горда на своите момчиња. Ве сака мама“ – напишала покрај фотографијата на своите насмеани наследници.
Селин освен близнаците има и 18-годишен син Рене Чарлс, а своите три деца ги добила со сопругот Рене Анџели кој пред три години ја изгубил борбата со тешката болест.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.