Селин Дион треба да настапи на отворањето на Олимписките игри во Париз.Пејачката во понеделникот пристигна во хотелот Royal Monceau во близина на Шанзелизе. Таму остана и Лејди Гага, која треба да настапи заедно со Дионе на отворањето на ОИ.Извор за TMZ изјави дека се очекува Селин да настапи и дека организаторите се подготвени да платат огромна сума за таа да отпее една песна. Имено, Селин за една песна на Олимписките игри би можела да заработи дури два милиони долари.Селин претходно навести дека нејзиното враќање на сцената би можело да биде во Франција.“Избрав да работам со целото тело и душа, од глава до пети, со мојот медицински тим. Сакам да бидам најдобар што можам. Целта ми е повторно да ја видам Ајфеловата кула”, изјави пејачката во април.Пејачката претходно настапи на Олимписките игри во Атланта во 1996 година, кога ја отпеа „Моќта на сонот“.
Пронајдете не на следниве мрежи: