Селта победи во дербито на дното

Фудбалерите на Селта ја совладаа Сарагоса со 2:1, во последниот натпревар од 32.коло во Примера дивизија.

Во дербито на дното, први до предност стигнаа гостите од Арагон, Романецот Сапунару ја погоди мрежата на Селта во 26.минута. Израмнувачкиот гол го постигна Лопез во 37.минута, а победата и трите бода на Селта и ги донесе Бармехо во 91.минута од натпреварот. Сарагоса и Селта по 32 рунди во Примера го делат 19-то место на табелата со по 27 освоени бодови. Селта во следното коло ќе му гостува на Леванте, додека Сарагоса ќе игра против уште еден конкурент во борбата за опстанок, екипата на Мајорка.
Макфакс
Фудбалерите на Селта ја совладаа Сарагоса со 2:1, во последниот натпревар од 32.коло во Пример

Пронајдете не на следниве мрежи: