Семејна драма во Кочани: 55-годишник починал од убодна рана на градите

Според информациите од СВР Штип утрово околу 05:20 часот во полициска станица во Кочани од 30 годишник било пријавено дека во нивната семејна куќа на улицата “Климент Охридски” во Кочани неговиот 55- годишен татко ја нападнал неговата мајка која била на возраст од 46 години.
Повредената жена со тешки телесни повреди била веднаш пренесена во болницата во Кочани. Откако на терен излегле полициски екипи го пронашле безживотното тело на 55 годишниот маж со убодна рана во пределот на градите.
Во тек е увид на местото на настанот кој го вршат Јавен обвинител и екипа од полициската станица од Кочани. Истражните органи не откриваат кој го извршил убиството, дали мајката или синот.
Како што, неофицијално информира “Сител“, во обидот да се одбрани сопругата го усмртила нејзиниот маж.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.