Семејството на Дарко Лазиќ шокирано од потегот на Ана Севиќ: Никој не очекуваше вакво нешто од неговата поранешна сопруга

Членовите на семејството на Дарко Лазиќ како и неговата се уште законска жена и новата девојка секојдневно се во болницата во Земун каде денеска беше и опериран пејачот.
Засега иако постојано во болницата се неговите мајка и татко, поранешна сопруга и сегашната девојка, него го имаат видено само неговата мајка и сопругата Севиќ.


Еден од роднините на Дарко за српски „Информер“ вели дека е изненадена што Ана меѓу првите дојде во земунската болница да го посети поранешниот сопруг.
-Не очекувавме дека Ана ќе дотрча во болница. Изненадени сме, но добро… Имаа дете, треба сега да биде покрај него, вели роднината на пејачот.
Инаку Ана Севиќ вчера целиот ден беше покрај семејството на Дарко, а според фотографиите таа била видно потресена, бледа и исцрпена.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.