Семејството на починатата стружанка за Телма: Ни рекоа донесете ја кога ќе има позитивен тест

Не можеше да дише се мачеше жената два дена, а преку прозор ни рекоа да дојдеме само кога ќе има позитивен тест на коронавирусот, вели за Телма, Али Теља, зет на починатата жена од Струга.
Немљуне Ибраими (66) е четвртата жртва на коронавирусот во земјава која почина чекајќи ги резултатите од тестот. Таа во четвртокот била однесена во болницата во Охрид со приоритетен упат од нејзиниот матичен лекар. Но според нејзиниот зет, таму им рекле дека ќе ја примат само кога ќе ги видат резултатите од позитивниот тест.


Тие пак, резултатите не ги добиле, туку денеска усно им било соопштено дека починатата и нејзиниот сопруг се позитивни на тестот, додека зетот и ќерката негативни.
Од денеска семејството повторно ќе биде во самоизолација, иако биле две недели откако беше утврдено дека имале контакт со заразено лице.
Тие биле на гости во Дебар кај д-р Илбер Кокале, за кој подоцна се утврди дека е заразен со вирусот заедно со неговите колеги од педијатрија.
Од министерството за здравство соопштија дека за овој случај ќе направат целосна ревизија со цел да се утврди дали има лекарски пропуст.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.