Семејство заврши на болница откако „поради шега“ им подариле торта со марихуана

Семејство заврши во болница откако јаделе торта, без да знаат дека во неа има марихуана.
Инцидентот се случил во Фиренца, каде Италијанка на семејството на своја другарка, за новогодишниот дочек, им подарила торта со марихуана. Брачна двојка и нивната ќерка завршија во болница, а интервенирале и карабињерите.
Девојката признала дека користела марихуана којашто легално ја купила и ја додала во тортата – „поради шега“.
Откако карабинерите извршиле претрес во куќата на „готвачот“, пронајдени се 5 грама од дрогата.
Девојката ќе биде обвинета за нелегално поседување дрога, а се соочува и со можна приватна тужба од семејството, на кои им ја понудила тортата, за загрозување на нивното здравје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.