Сендвичи, но без кришки: Пет намирници кои се совршена замена за леб

Кога сакате да го отстраните лебот од вашето мени, тоа никако не е лесна и едноставна задача. Ова се намирници, поточно овошја и зеленчуци кои можат да бидат адекватна замена.
Со нив можете да направите добар сендвич, а подлогата да не биде полна со калории и јаглехидрати.
Компир


Иако нивото на јаглехидрати во компирот е високо, кога го користите овој зеленчук наместо леб тоа е добра замена, посебно ако вклучите и кардио тренинг во вашата дневна рутина. По вежбањето, оваа хранлива материја му е потребна на организмот, а лебот секако не е добар избор.
Пиперка
Исечете ја пиперката на половина, додадете сирење и парче шунка, потоа зачинете и ќе добиете интересен и вкусен сендвич.
Краставица


Краставици, маслинки и домати се совршен спој. Можете да ги издлабите и да ги наполните со сирење и лук – идеите се неограничени. А за заштедата на калории нема потреба ниту да зборуваме.
Модар патлиџан
Модриот патлиџан е исто така добра подлога за сендвичи. Ваквиот зеленчук можете да го приготвите на грил, а потоа да ги додадете омилените состојки и со тоа да добиете здрава ужина или оброк.
Домат
Обично доматот го користиме како дел од сендвичот, но доколку сакате да ослабнете, променете ја тактиката. Само исфрлете го лебот, распоредете ги состојките помеѓу сочните делови од зеленчукот и ќе добиете одлична замена.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.