Свежо, вкусно и хранливо! Дали тренираш или сакаш здрава исхрана? Ако целиш да ја зголемиш мускулната маса и истовремено да ги намалиш килограмите, подигни го нивото на протеини во твојата исхрана. Ова може да го постигнеш со избалансирани и вкусни оброци, како што е овој посен сендвич со туна, полн со протеини. Инспирацијата за овој рецепт дојде од новиот протеински леб од Жито Лукс, кој содржи 10 грама растителни протеини во две парчиња леб, обезбедувајќи ти ситост и енергија. Сендвичот е идеален за носење на училиште или работа, во природа или на излет. Има околу 300 калории, 35 грама протеини, 7.5 грама масти и 32 грама јаглехидрати.
Потребни состојки за 2 сендвичи:
– 2 парчиња протеински леб од Жито Лукс
– 130 грама туна
– 1 лажица сечкан млад кромид
– 1 сечкан корнишон
– Сок од 1/4 лимон
– 1 лажица посен мајонез
– 1 мала лажичка сенф
– 2 лажици течност од корнишони
– Сол и мелен црн пипер по вкус
– 1 мала лажичка буковска пипер
– 2 домати исечени на кругови
– 4 листови марула
Како се подготвува:
Парчињата леб наздрави ги во тостер или на тава. Исцеди ја туната и стави ја во чинија. Додај го сечканиот млад кромид и корнишонот и добро промешај. Додај ги лимоновиот сок, мајонезот, сенфот и течноста од кисели краставички. Зачини со сол, мелен црн пипер и буковска пипер, па сè измешај. На едно парче леб нанеси од готовата салата со туна, а потоа додади ги доматите и марулата. На здравје!
Дополнителни идеи:
Наместо мајонез, можеш да ставиш пасирано авокадо, или пак, ако не постиш, додади грчки јогурт. Новиот протеински леб е одличен додаток за оброкот бидејќи содржи јаглехидрати и растителни протеини од грашок и наут, препорачан за оние кои вежбаат или сакаат здрав режим на исхрана. По желба, додади сечкан црвен кромид или сечкан целер.
The post Сендвич со Туна и Протеини: Лесен Рецепт appeared first on 365.mk.